Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во април е повисока за 0,15 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,09 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,32 процентни поени, покажуват податоците од Народната банка.

Од друга страна, во однос на новопримените депозити во април, просечната каматна стапка изнесува 0,62 проценти и таа е пониска за 0,14 процентни поени во однос на март, додека на годишна основа бележи минимален месечен раст од 0,01 процентен поен.

Но, ако се земе предвид вкупната просечна каматна стапка на вкупните кредити во април, таа се намалила во однос на претходниот месец, како и во однос на истиот месец минатата година. Податоците покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во април била 4,58 проценти и остварила минимален месечен пад од 0,01 процентен поен, додека на годишна основа е намалена за 0,28 процентни поени

Во однос на вкупните депозити, тие на месечно ниво бележат минимален раст, а на годишно одреден пад. Така, просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимален месечен раст од 0,01 процентни поени и изнесува 0,9 проценти. Споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,21 процентни поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.