овеќе од 500 пријави од граѓани стигнале до Државниот инспекторат за труд за непочитување на владините мерки против коронавирусот од страна на работодавачи кои, наместо да ослободат од работа родители на деца до 10 годишна возраст или хронично болни лица, се заканувале со откази, информираше на прес-конференција директорот на трудовиот инспекторат, Аљајдин Хавзиу.

Поплаки има и за непочитување на препораките за лимитирање на бројот на вработени и одржување соодветно растојание, редовна дезинфекција на погоните и набавка на заштитна опрема.

Директорот Хавзиу уверува дека се вршат контроли на терен и најави санкции за сите што не ги почитуваат мерките. Дополнително, ги охрабри граѓаните сите притисоци на работното место да ги пријавуваат.

„Работникот, ако имаа соодветна документација, треба да го извести работодавачот дека ги има потребните документи и тука завршува неговата работа, а после тоа ние постапуваме. Досега имаме многу анонимни јавувањa во врска со притисоци на работното место и сакам да кажам дека секоја претставка ќе остане анонимна. Граѓаните да не се плашат и да пријавуваат, а ние ќе постапуваме“,

порача Хавзиу

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.