Се прават анализи за зголемување на пензиите, а премиерот Димитар Ковачевски најавува и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.

Тој денеска од Росоман порача дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.

Веќе работиме на анализи коишто ќе бидат презентирани преку дијалог во кој ќе учествуваат здруженијата на пензионери, заинтересираните страни и институциите на државата. Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови – изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во Росоман.

Предлогот на ВРМО-ДПМНЕ го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.