Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 отсто. Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 отсто.

Подартоците на Државниот завод за статистика покажуваат пораст на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со јули годинава, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1 отсто, месото за 0,9 отсто, лебот и житата за 0,7 отсто, млекото за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 отсто, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8,4 отсто, гасот за домаќинствата за 5,6 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 3,1 отсто, услугите за рекреација и спорт за 2 отсто, домашните миленици и сродните производи за 1,1 отсто, велосипедите за 0,9 отсто, моторните возила за 0,7 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 0,6 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,5 отсто, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4 отсто, ткаенините за изработка на облека, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена, другите услуги неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје за 0,7 отсто.

Како што информира ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 4 отсто, медиумите за снимање за 1,8 отсто, воздухопловниот патнички транспорт за 1,5отсто , другите печатени материјали, електричните апарати за лична хигиена за 1,3 отсто, течните горива за домаќинства за 1 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0,8 обувките, обувките, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, другите лични предмети за 0,4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.