Се подготвуваат законски решенија со кои ќе се овозможат 500 до 600 милиони евра од оттуѓување на државно земјиште, откри денеска премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Земјоделското земјиште кое што го оттуѓуваме сакаме огромен процент од него да дојдат како изворни приходи на општините. Токму овие големи приходи од вкупни два милиони хектари во државата, од 200-300 илјади хектари со оттуѓување ќе значат петстотини-шестотини милиони евра пари кои што континуирано низ месеци, низ полугодија, ќе влегуваат во јавните каси, голем процент сакаме да оди токму во општините, рече Заев.

Тој во истиот контекст најави дека три пати поголем данок на имот ќе се плаќа на општините за неискористен објект или за неставен во функција на развојот, почнувајќи од државата.

Ако државата еден државен објект не го користи, не го изнајмува, не го става во функција на развојот, три пати повеќе на матичната општина или на Град Скопје ќе плати данок на имот, изјави претходно премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.