СДСМ за само три години успеа да ја задолжи државата за скоро 1 милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра.Македонија со Заев на чело е прогласена за хибриден режим. Криминалот стана секојдневие, наместо да гледаме како се носат инвестиции, гледавме како се носат торби со рекетирани милиони.Обвинителите чекаа Заев да одлучи, а судиите Заев да пресуди, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија со СДСМ доби само хибриден режим. Криминал и корупција на секое ниво.Слушнавме како братот на Заев давал насока за палење на коли, а братучедот одобрение кој може да води бизнис.Македонија со Заев на чело само губеше изминативе три години.Македонија не смее да продолжи да губи и понатаму, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.