ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ. Во соопштението стои:

СДСМ лицемерно ги лажат граѓаните на Република Македонија.

СДСМ без тронка срам лаже дека во текот на нивниот мандат имаат донесено корисни мерки за граѓаните. А, за овие три години јавноста виде само „Рекет“ и заминување на младите од државата.

СДСМ во Македонија оставија 500.000 граѓани на раб на егзистенција.

СДСМ за три години успеа да ја урниса економијата.

Растот на БДП во првата година од владеењето на СДСМ беше еднаков на нула. Македонија во време на СДСМ доби само лоша реализација на капиталните инвестиции.

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ќе започне обновата и на македонската економија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.