Платите продолжуваат да растат, од септември за 5 отсто повисоки плати за вработените во образованието, најавуваат од СДСМ.

Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување политики што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во семејните буџети. Веќе од септември предвидено е зголемување на платите во образованието.
Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата на платата за месец септември.

Ова е уште една потврда за инвестициите во образованието и грижата кон наставно-научниот кадар. Во меѓувреме, продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда за успешните економски политики.

Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.Тоа претставува пораст на просечната плата за над 1.000 денари за период од една година.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните. Зборот важи!, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.