Собранието попладнево го донесе Законот за данок на личен доход со кој од 1 јануари 2019 година се напушта концептот на рамен данок и се воведува прогресивно оданочување. Во образложението на предлогот, минситерот за финансии Драган Тевдовски го оцени како праведно
решение, додека опозицијата како лошо законско решение и катастрофа за македонската економија.
Се предлага воведување на прогресивен данок на доход со цел обезбедување на поголема праведност на даночниот систем
Освен даночната стапка од 10 проценти, се воведува и стапка од 18 отсто која ќе се однесува на даночна основа што надминува еден милион и осумдесет илјади денари на годишно ниво, односно 90 илјади денари на месечно ниво. За даночната основа до еден милион и осумдесет илјади годишно и до 90 илјади месечно останува примената на постојната даночна стапка од 10 отсто.
Исто така, се предлага и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќa и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто. Дополнително со законот се врши и зголемување на соодносот на даночното намалување, односно ослободување што ќе важи на платите и пензиите со што даночното побарување кај пензиите ќе биде помало отколку што е со постојниот закон.
СДСМ не ги ферма стопанските комори
Стопанствениците повеќепати реагираа дека рамниот данок на личен доход е една од подобрите реформи и дека истата треба да остане. Денес во Собранието пратениците на СДСМ и ДУИ гласаа за воведување на повисокиот прогресивен данок, шта ќе значи 18% оданочување на оние кои имаат личен доход повисок од 90.000 денари.
Покрај тоа, придонесите за пензиско осигурување ќе се зголемат од 18% на 18,4% во 2019 година и на 18,8% во 2020. Исто така, придонесот за здравствено осигурување ќе се зголемува постепено, од 7,3% на 7,4% во 2019 и 7,5% во 2020 година, со што автоматски ќе се зголемат трошоците за работна сила за работодавците.
Сите четири стопански комори во Македонија, едногласно упатија критика до владата дека со воведувањето со повисокиот данок само ќе стимулираат даночна евазија, ќе предизвикаат кратење на платите на дел од успешните професии во информатиката, здравството, адвокатурата, банкарството, а дека со тоа ќе стимулираат и некои луѓе да си ја продолжат својата успешна кариера надвор од Македонија. Сеоак, власта остана глува на овие забелешки.
Во Комората на информатичари “МАСИТ“ се категорични дека оваа даночна несигурност најмногу ќе ги погоди компјутерџиите. Наместо фискален ефект, ќе се добие даночна непослушност, која ќе биде главен двигател на сивата економија. МАСИТ смета дека ќе следи период на зголемување на даночното затајување – нискиот степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, ќе донесе до зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.