СДСМ повторно ќе се појават пред граѓаните во Центар, ќе се појават насекаде во Република Македонија и ќе го бараат гласот од граѓаните и повторно ќе се обидат да играат на онаа проверена карта, карта на кратко помнење, ќе се обидат со некоја шарена лага, ветувајќи им на граѓаните дека државата ќе оди напред со Заев и со Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка евро по евро во торбичката, украдени пари од граѓаните, а другиот ќе им слугува на Заеви и ќе ги убедуваат граѓаните дека ги чека блескава иднина – порача вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Скопје.

Дали СДСМ секојдневно го потврдува овој став на Мицкоски?! Граѓаните прашуваат зошто автопатот Скопје-Штип се уште не е во употреба,зошто жителите на Сопиште не можат да влезат во град преку новиот пат од Водно?! Која е целта на СДСМ што овие патишта не се пуштени во употреба. Која е причината што низа згради се готови и не се користат, а владата плаќа кирија за користење простории во кои се сместени некои државни институции. Дали Владата верува дека народот ќе заборави кој ги градел, ќе создаде слика дека ако не биле тие ништо немало да биде завршено, па дури тогаш ќе ги стави во употреба веќе готовите згради и патишта.

 

1. Катна гаража кај музејот на Холокаустот во Скопје

Готова е уште од 2015. Прво ја кочеше Андреј Жерновски, а сега и новиот градоначалник Саша Богдановиќ. Четири години стои изградена и празна.

Зошто? За инает! Оти ВМРО ја градел а Груевски и Цветко Грозданов шетајќи со медиуми низ неа ја прогласил за завршена, коментираат граѓаните.

Општина Центар не му издаде дозвола за работа, и до ден денес е така. Во зградата има само еден чувар, кој ја чува завршената зграда веќе четврта година, а државата му дава плата. Освен паркинг места во неа има и деловен простор за издавање или продавање. Колку е загубата на ПУИК, поточно на државата што 4 години враќа кредит, а нема никакви приходи од објектот?Градбата чинеше повеќе милиони евра, а ја градеше ПУИК.

2. Новата зграда на ЕЛЕМ во Скопје

Готова е од септември 2017. Во јуни истата година Никола Груевски и Христијан Мицковски, во својство на директор на ЕЛЕМ, ги прошетаа новинарите низ објектот за да покажат дека објектот е 99% готов. Недостасуваа само по некој штекер и слично, другото сè беше готово.

Но, стилот е барок, па директорот не знае како тоа вселување ќе го разберат неговите сопартијци и шефот Заев. На мака е. Дополнително доколку тогаш се пуштеше во употреба ќе беше јасно во чие време е изградена. Вака, нека си стои празна, се коментираше тогаш по социјалните медиуми.

3. Автопатот Миладиновци-Штип

208 милиони евра инвестиција. Долгогодишен сон на жителите на источна Македонија. Над 80 отсто беше завршен кога ВМРО-ДПМНЕ замина од власт во мај 2017, a требаше да биде готов до декември 2017. Деновиве на почетокот на кампањата СДСМ срамежливо објави дека низ патот може да се вози. Поучени од критиките и мајтапите со чочеците на автопатот Демир Капија-Смоквица целосно завршен од ВМРО-ДПМНЕ а отворен со зурли и тапани една година подоцна прикажувајќи го како дело создадено во време на владата на СДСМ, овојпат ПР-стратезите на СДСМ беа попредпазливи.

4. Регионалниот пат од Скопје кон Сончев Град/Сопиште преку Водно

Кога Груевски и поранешниот министер за транспорт Владо Мисајловски со група новинари и камермани направи преглед на изведбата во април 2017 година, се местеа уште банкините. Две години подоцна патот уште официјално не се пушта во употреба. Некои локални жители го користат „на диво“ . Тој е одамна завршен ,но сè уште законски формално не пуштен во употреба.

5. Зградата на Министерството за транспорт

Пред заминување, во мај 2017 Груевски и Мисајловски со група новинари направија обиколка низ целиот објект во реновираната, надградена со два ката и со променета барокна фасада зграда на Министерството за транспорт спроти црквата Св. Димитрија во Скопје.

Недостасуваа уште сијалици и кваки на вратите. Тоа се заврши уште летото 2017, но новиот министер Горан Сугарески уште не сака да го користи објектот кој претходно го критикуваше и исмејуваше.

6. Новата зграда на ПУИК

Помеѓу МОБ и МНР, новата зграда на ПУИК во барок стил, исто така беше 80 отсто готова кога дојде СДСМ. Иако е една од најмаркантните згради во градот, нејзиното завршување се растегнува.

7. Факултетот за Драмски уметности

Новата зграда на плоштадот Пресврта Богородица во Скопје, каде требаше да е сместен факултетот за Драмски уметности (ФДУ) и десетина помали државни институции, инспекторат и слично, кои во моментот или се под кирија или во стари дотраени бараки. Во мај 2017 беше 90 отсто готова кога Груевски и тогашниот директор на СОЗР Васе Доневски ги внесоа новинарите да го видат завршувањето на последните финеси. Поминаа две години, ФДУ сè уште е во дотраените бараки, а државните институции плаќаат кирии.

8. Автопатот Демир Капија-Смоквица

29 км беа пушти во употреба дури една цела година откако беше завршен. Спектакуларниот чочек на отворањето на автопатот завршен во времето на политичките опоненти долго ќе се памети и прераскажува.

9. Новата градска куќа на градот Скопје

Сместена помеѓу Царинската управа и ЈП Водовод, зградата беше 90 отсто готовакога Коце Трајановски си замина. Новиот скопски градоначални Петре Шилегов изјави дека ќе ја доврши и ќе се всели. Ама кога дојде време за тоа се исплаши од критиките дека се вселил во објект кој е неокласицизам, а и не е лошо барем уште една година да помине за да се свати дека Петре нешто многу работел околу зградата и има голема заслуга.

10. Скопскиот стадион

Просториите под источната, северната и западната трибина на арената „Филип втори“, сега „Тоше Проески“. Владата инвестираше 60 милиони евра. Стадионот беше пуштен во употреба, но од огромната деловна површина под трибините, беше завршена само под источната трибина брзајќи тоа да биде спремно пред Суперкупот и дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кој се одржа во Скопје во август 2018. И тука, на веќе завршен подтрибински простор под источната трибина, СДСМ глумеше дека нешто недостигало, но тие во последен момент спасиле ситуација.

Но, денес дури ни тој простор не се користи, а за оној под северната и западната трибина ќе се чека некое друго време.

БОНУС

Новиот голем објект во Затворот Идризово, кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ за да го замени сегашниот дотраен затвор, со стари и руинирани објекти, година и пол не се пушта во употреба. Многумина коментираа дека сакале симболично да го отворат со затворање на Никола Груевски.

Дополнително, еден крупен проект кој функционираше како атракција и беше доста посетен, беше „Македонско село“ во Нерези, а објектот сега стои празен на забот на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.