Сите јавни претпријатие ќе добијат заменици на директорите доколку се изгласат законските измени предложени од владејачкото мнозинство. Овие заменици ќе одлучуваат за претпријатијата во отсуство на директорите, додека до сега директорите за тоа определуваа вработен во претпријатието.

Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Се поставува прашањето дали целта на ова законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно, со оглед на тоа што замениците, како и директорите, се поставуваат по договор на партиите.

фокус.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.