Само невестата и младоженецот ќе можат да танцуваат, додека гостите на свадбата ќе даваат аплауз од масите, ова го тврди организатор на овие веселби за ТВ21.

Свадбите ќе се организираат само на отворен простор со најмногу 100 гости. Сопствениците на свадбени салони не се задоволни со овие протоколи и препораки. Љуљзим Хасани вели дека предлагањето нови мерки е дискриминирачки бидејќи 80 отсто од местата за свадби немаат летни тераси и отворен простор.

Тоа е дискриминаторска одлука затоа што не ги вклучува сите наши објекти што се занимаваат со оваа активност. Овде олеснувањето се прави само за објектите што имаат тераси, односно тоа се отворени објекти, додека овде во нашиот регион во Тетово има само 1 или 2 објекти кои имаат таква можност, додека во другите објекти сме повторно затворени, рече сопственикот на ресторан.

Хасан додава дека е апсурдно да се има музика додека гостите не можат да танцуваат. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е дозволена музика на отворен простор, додека за затворени простори, како што рече, во следните две недели ќе бидат подготвени соодветни протоколи.

Инаку, овие препораки ги даде Комисијата за заразни болести и за да стапат во сила, се очекува да бидат одобрени од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.