Пpoблемот со општините во Македонија е што голем дел од нив немаат изградено добри манаџерски административни капацитети за финансиски менаџмент, немаат направено репроценка на данокот на имот, базите на податоци им се стари од 2005 година, како што биле превземани од Управата за јавни приходи, кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски, пренесе Сител.

Некои од општините имаат направено репроценка, но многу е низок процентот на наплата, не сакам да споменувам имиња на општини, но има една општина која што има само 970 денари наплатено во текот на минатата година по основ на данок на имот – вели Коцевски.
Инаку 970 денари данок на имот е еднакво на еден човек што платил данок на имот. Градоначалникот на Велес најпрво oдби да ја соопшти која е таа општина, подоцна соопшти дека станува збор за скопската општина Арачиново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.