Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската федерација од понеделник целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје.

Конкретно, од понеделник од нашата држава во Руската Федерација ќе можат да се извезуваат цреши, вишни, сливи, кајсии, праски и нектарини, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Увозот на праски и нектарини од Македонија во Руската Федерација, посочуваат од МЗШВ, е одобрен со гаранции од македонските надлежните фитосанитарни служби дека тие потекнуваат од подрачја во кои е утврдено дека нема присуство на габата Monilinia fructicola (Winter) Honey.

Дополнително, секоја пратка од праска и нектарина наменета за рускиот пазар, што потекнува од незаразено подрачје, ќе биде пропратена со веродостојни лабораториски анализи издадени од нашата Државна фитосанитарна лабораторија со акредитирани методи за анализа на оваа габа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.