Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на 10 километарска делница од Фариш до Дреново, затоа што не им била испалтена последната фактура тврди за Телма директорот на јавното претпријатие Зоран Китанов, кој не сакаше да даде изјава за Република.

Поради тоа што компанијата не доставила програма за работа со каква динамика ќе ги изведува активностите и затоа што го напуштила градилиштето, со одобрени на кредиторот ЕБОР, јавното претпријатие исто така поднело барање за раскинување на договорот и за активирање на банкарската гаранција на „Рубау конструксионес“ од 7,7 милиони евра.

Целата процедура трае веќе еден месец, а Китанов твди дека претходно „Рубау“ се обидувала да ја даде трасата на други фирми. Во меѓувреме 3 месеци не доставиле план за работа за оваа година, а изведувачот неколку пати бил опомента за ниската ефикасност, не само од актуелниот туку и од претходните директори на јваното претпријатие за државни патишта.

Шпанаската команија во 2015 година беше ангажира за изградба на втората делница од Прилеп до Грдско, односно 10 кимоломерти пат од Фариш до Дреново, а вредноста на договорот е 31 милион евра. Реалаизираше само 35 проценти од предвиденото со договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.