Снабдувањето со електрична енергија во Кочани, по вчерашните пожари, е во најголем дел стабилно. Се работи и на етапно нормализирање на испораката на струја и во општините Ранковце и Кратово, информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Тие посочуваат дека складот на „Макпетрол“ кој се наоѓа во близина на опожареното место во Кочани не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот на нафтени деривати.

Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, а се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на Електродистрибуција се на терен. Складовите со нафтените деривати, каде се и дел од државните резерви, пак, не се зафатени од пожарот“, соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.