Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во натамошниот период ќе побара да ја определува и конечната цена за вода на јавните комунални претпријатија, најави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Со тоа, како што изјави за МИА, ќе се избегне сложената постапка според која РКЕ носи минимална и максимална цена која потоа ја потврдуваат советите на општините или Владата.

Сметаме дека ние можеме да го направиме тоа и за водните услуги, бидејќи во изминатиот период во делот на енергетиката сами носиме одлуки за цени и за тарифи. Она што е каркатеристично е дека нашите методолгии се поттикнувачки, односно ги тераат претпријатијата да бидат ефикасни и да си ја оптимизираат својата работа од аспект на трошоци. Интенција ни е да ги научиме да бидат малку оповеќе ефикасни, потенцира Бислимоски за МИА.

Вообичаено е, додаде, кога станува збор за одобрување на цени за водните услуги од советите тие да се лепат на минималната цена не водејќи сметка дали таа цена ги покрива минималните трошоци на претпријатието. Тоа претпријатие доколку не може да ги покрие трошоците преку така определената цена неговите минуси ги покрива или општината или, пак, во некои случаи тоа го прави Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.