Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) ја отфрла како лажна и неточна изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за висината на платата на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

„Платите се јавно објавени и се далеку пониски од предвидените пет просечни нето плати во секторот согласно законот за енергетика“,

се вели во соопштението на РКЕ.

Како што се наведува, ако Арсовски не се извини за изнесените шпекулации, ќе следува приватна тужба, а парите од отштетата ќе бидат донирани.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. праша дали Бислимоски зема нето плата од над 2.000 евра, поточно околу 2 150 евра секој месец или 130.000 денари, односно бруто плата околу 200.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.