Законот кој предвидува повисок данок за увозот на постари возила само во првиот месец од годинава го оштетил буџетот за 3,5 милиони евра, а веќе четврта недела нема увоз на возила и царинење, порачаа на протест од пред Владата членовите на националното здружение на граѓани увозници на половни автомобили „Регулатив“.

Од здружението прашуваат кој ќе одговара за последиците од овој закон? Кој ќе одговара за 150 регистрирани фирми увозници на возила? Кој ќе одговара за шпедициите кои во минатиот период немаат ниту една царинска декларација?

Бараат да се намали сумата за царина или CО2 данок, бидејќи според нив, давачките се покачени тројно кај одредени возила. Бараат да се намали акцизата за постарите возила со еуро 5 и еуро 6 стандард и да се укине CО2 данокот за нив. Од таму сметаат дека нема да поевтинат ниту новите возила на сметка на употребуваните, односно дека ќе поевтинат само оние кои чинат над 31.000 евра и електричните.

Од здружението ги охрабрија Еколошките здужениија да го препознаат трендот на увозниците на пазарот во земјава да ностат возила со Еуро 4 или Еуро 5 и ги уверуваат дека тие се за промена на старите возила.

Уредбата за увоз на автомобили која стапи на сила од 1 јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента засега нема да се менува, им порача директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на увозниците на половни возила кои денеска одржаа протест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.