Зоран Заев, претседателот на Владата денеска на прес-конфренција ги соопшти имињата на разрешените функционери меѓу кои се директорите на МЕПСО, ЕСМ, Македонија пат, Драмски театар, Државен архив на Македонија…

Тој најави денеска почнува разрешувањето на повеќе од 30 директори и раководители на институции и претрпијатија во државната сопственост.

За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО Сашо Василевски, директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на Македонија пат Гајур Кадриу, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, директорката на Драмски театар Викторија Рангелова, директорот на МАЛМЕД Ќахил Ибраими, директорот на Архив Кирил Петров и директорот на Здравствен дом Скопје Злате Мехмедовиќ, Развојната банка на РСМ, на Еврокомпозит, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство, на железници инфраструктура и заменик директорот на УБК која преминува во Агенција за национална безбедност. Разрешени се и многу други членови на Управни и надзорни одбори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.