Генералниот секретаријат на Владата веќе подолго време го турка проектот за „јавно приватно партнерство за воспоставување интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра“. Царинската управа е против ваков проект, кој всушност значи одземање на нејзините надлежности и работа, но поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски е упорен во тоа овој проект да се спроведе, објави порталот „МКД.мк“.

Според извори на МКД.мк повеќе државни институции се против овој проект (Царинската управа, МВР, Агенцијата за национална безбедност…), владините служби се упорни во тоа да се проба со вакво јавно приватно партнерство (ЈПП). Веќе се одржуваат работни средби на надлежните институции, направена е физибилити-студија, но проектот на Рашковски никако да добие пас за следниот чекор. Еднаш овој проект веќе бил повлечен од владина седница.

Најголемиот противник на ваквиот проект, разбирливо, е Царинската управа. Ваквото ЈПП всушност значи одземање на надлежностите на царината и префрлање на дел од нив за акцизните стоки (цигари, алкохол, гориво…) на некоја приватна компанија. Прашањето е едноставно – зошто би влегувале во ваква авантура кога тоа го работи токму царината, а според сите извештаи тоа и успешно го прави. Информација за ова добила и Канцеларијата на ЕУ во Македонија за усогласеноста со правото и практиката на Европската Унија..

Пред само една година Рашковски имаше друг проект за ЈПП. Тогаш генералниот секретар на Владата за својот проект за итна хелокоптерска помош и спасување (Сархемс) изјави дека „ова е прво ремек-дело на Владата за граѓаните и тоа ќе ги чини 0 денари“.

Една година потоа од ова „ремек-дело“ нема ништо.

Целиот текст тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.