Пазарџиите на зелените пазари се задоволни од прометот што го прават, а купувачите, пак, можат да купат краставици по 30 денари за килограм, пиперки од 30 до 50 денари, домати од 40 до 70 денари, компири за 20 денари, тиквички за 10 денари, цреши од 60 до 100 денари, лубеница за 15 денари, праски за 25 денари за килограм.

Продавачите на зелените пазари велат дека на тезгите одамна не им дошле толку муштерии. Особено е раздвижено пред викендите, а и во вторникот, пред неработниот ден поради изборите, од народ не можеше да се помине.

Еден од пазарџиите вели дека голем дел од пиперките ги продал уште во утринските часови.

Добро ни дојде што луѓето не одат по одмори, само вака да биде цело лето! – задоволно вели продавачот на пиперки.

Целиот текст на Скопјеинфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.