Британската фунта падна под симболичната вредност од 1,10 за долар и се приближи на својот историски минимум, откако буџетските најави на Лондон ги загрижија инвеститорите за здравјето на јавните финансии во време кога Британија може веќе да е во рецесија.

Во споредба со доларот, поттикнат од американската економска издржливост и статусот на резервна валута, британската фунта падна за 2,56 отсто на 1,0972 за долар вчера околу 16 часот по средноевропско време.

Тоа е ниво кое не е достигнато од 1985 година, кога фунтата падна на својот историски минимум од 1,0520 за долар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.