Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи” им честита на уставните судии за поведената постапка по нивната иницијатива за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки.

-Оваа историска победа е за сите граѓани во државата и истата треба да биде поттик да во овие тешки времиња на пандемија и економска криза уставниот поредок да служи како поддршка на граѓаните, а не за лични интереси на поединци и лоби групи. Се надеваме дека институциите нема да запрат тука и дека конкретниов случај на носење на историски праведна одлука ќе служи за пример како да делуваат понатаму. За историски одлуки се потребни херои, а денес тоа се уставните судии. Ви благодариме што останавте на страната на правото и правдата!, стои во денешното соопштение од Здружението.

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Уставните судии пред неполни два месеца не поведоа постапка по иницијативата поднесена за истата одредба од Законот за банки

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.