Поранешните вработени во Еурокомпозит повторно протестираат пред Владата.

Ве известуваме дека денеска 05.06.2019 год. со почеток во 11:00 часот започнат е протест на бившите вработени на Еурокомпозит 11 Октомври од Прилеп, пред Владата на РМ – соопштуваат од надлежниот синдикат.

Пред Владата поставени се и шатори кои ќе останат до исполнување на нивните барања.

Од прилепски „Еурокомпозит“ за технолошки вишок се прогласени 154-ица работници кои очекуваат исплата на отпремнини по околу 100.000 денари, а на работа во фирмата се 60-ина работници. Сите заедно бараат и исплата на заостанатите плати и придонесите за шест и пол години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.