Просечната плата за декември скокна на 34 364 денари, пресмета Државната статистика. Претходно, просечната нето плата во државата изнесуваше 33 011 денари.

Според Државниот завод за статистика, растот на платите се должи, пред сè, поради растот на платите во три сектори, за разлика од ноември. Станува збор за секторите преработувачка индустрија, каде се бележи раст од 10,4%, уметност, забава и рекреација, каде е забележан раст од 10,2% и административни и помошни услужни дејности, каде растот е 9,4%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.