Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари и бележи раст од 4,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита за 11,6 отсто, транспорт и складирање за 10 отсто и земјоделство, шумарство и рибарство за 8,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 10,3 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10 отсто и транспорт и складирање за шест отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2019 година изнесува 35.901 денар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.