На 26 февруари (среда) во 19 часот во сала Милениум на хотелот Холидеј Ин  – Скопје, „Матица македонска“ од Скопје ќе ја промовира книгата „Имуни на реалноста“ од д-р Трајко Славески. Во  своето најново дело познатиот универзитетски професор и научник објавува сто и шест текстови, поделени во четири тематски поглавја, во кои говори за широк круг на круцијални теми од областа на економијата и политиката.

За пораките на книгата на Трајко Славески ќе говорат проф. д-р Михаил Петкоски и писателот и публицист Блаже Минески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.