Состојбата со градинарството во моментов е хаотична,  а голем дел од производството се продава по нерентабилни цени, реагираат дел од градинарските здруженија од Струмичко. Според Драги Памуков од Кукла Градинар, најголемиот дел од културите имале цени кои се далеку под трошоците кои ги прават  за производство. Голем удел во ваквата состојба имале и високите цени на репроматеријалите неопходни за да се произведе одредена култура.

Од Кукла градинар апелираат до надлежните да реагираат и да преземат соодветни мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат градинарските производители. Сметаат дека намалување на цените на репроматеријалите значително ќе ја подобрат состојбата.

Според земјоделците нивните проблеми,  пред се со ниските откупни цени значително ќе се намалат доколку државата им помогне и на извозниците, посебно во изнаоѓањето на нови пазари. Продажбата на македонските земјоделски производи  во регионот била се потешка поради сопственото производство во државите кои до сега беа наши традиционални пазари.


Извор: Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.