„Експерт од сите области“. Ваков епитет му даде денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Говорејќи околу ставањето во мирување на прогресивниот данок, Бектеши рече дека еден градоначалник е експерт од сите области, алудирајќи на Таравари и им предложи на новинарите да го повикаат него да говори на оваа тема.

Уште нешто би сакал да додадам. Неколкумина градоначалници мислат дека ние не сме компетентни да зборуваме на вакви теми, дека немаме кредибилитет. Јас познавам еден голем експерт во нашава земја, кој е за сите области. Можете да го повикате него и подетално да ви објасни какви ефекти би имала оваа мерка. Станува збор за градоначалникот на Гостивар, кој е експерт од сите области во Република Северна Македонија, рече Бектеши.

Должен не остана ниту првиот човек на Гостивар. Таравари преку неговиот фејсбук профил веднаш се јави со реакција, нарекувајќи го Бектеши „клинец министер“. Потоа во телефонски разговор за ТВ21, тој вели дека ова е детска работа.

Така е, детска работа, работа на клинци-рече Таравари.

Ова не е првпат градоначалникот на Гостивар да има проблем со министер на ДУИ. Претходно, во конфликт влезе и со министерот за образование Арбр Адеми и вицепремиерот Бујар Османи,а сега и со Бектеши. Тројцата, Таравари ги обвини дека продаваат магла и дека не работат, на што Османи одговори дека тој продавач на политичка програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.