Железничкиот сообраќај во државава и натаму е во прекин. Машинскиот и извршниот персонал во Железници на РМ Транспорт АД Скопје продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари, информира за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.

Патничките и товарните возови не сообраќаат од вчера попладне откако машинскиот и извршниот персонал повторно го активираа бојкотот од минатата недела.

Раководството на ЖРМ Транспорт АД Скопје оцени дека станува збор за незаконски штрајк, што не бил најавен писмено.

Незаконскиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРМ Транспорт АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, оценија од ЖРМ Транспорт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.