Одговорна влада прво ги гледа цените во јули и август и вели ги замрзнувам оние кои билево јули и август, а не овие сега цени, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема обакајќи се на министерот за економија Крешник Бектеши кој беше дел од дебатата.

Според него владата се однесува по онаа купи ден продај и додаде дека цените требаше да се бидат замрзнати пред да се зголемат толку.

Кажав еднаш тешко на држава во која само минималната плата расте. Треба посериозен пристап кон кризата која не чука на врата туку ни е длабоко влезена во државава, рече Пренџов.

Според него еднострано е однесувањето на власта.

Не може само за цени да зборуваме и тоа требаше многу порано и многу поинаку, но треба и подддршка за стопаснството. Каде е поддршката за стопанството, праша Пренџов.

Покачувањата кажа Пренџов се високи, храна 5 посто повиски цени, масло 24,9 проценти, месо 3 посто, шеќер 5,5 проценти, течни горива 5,5 проценти.

Значи многу се повисоки покачувањата, рече Пренџов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.