Љупчо Пренџов, пратеник во македонското собрание од ГРОМ, во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека ќе поднесе амандман до Собранието за простување на средствата од 14.500 денари кои што владата ги даде за плати на приватниот сектор, бидејќи како што рече тој голем дел од фирмите доколку поднесат позитивен извештај ќе треба да ја вратат помошта.

Државата цело време вика дека помага, ама кога вие помагате обично ако вие мене ми помогнете тоа се разбира дека не барате ништо за возврат. Но, најголем дел од средствата они 14.500 денари кои што ги добиваат нето, односно 22.778 денари кои што ги добиваат бруто фирмите, треба да знаат дека сега ако се позитивни на завршна сметка, тие пари мора да и ги вратат на државата назад, а голем дел од нив не ни знаат дека треба да ги вратат.

Јас ќе поднесам амандман тие пари да се простат бидејќи државата живеела, живее и ќе живее од приватниот сектор и мора да биде тука 100 проценти кога му е потребна во вакви тешки услови, рече Пренџов.

Преџов потенцираше дека власта само за 2020 година, само по основ на странски задолжувања, се задолжила 1 милијарда и 600 милиони евра, по основ на домашни задолжувања 591 милион евра.

Во 2020 година само странски задолжувања сме имале 1 милијарда и 600 милиони евра, 2020 година домашни задолжувања сме имале 591 милион евра. Дефицит во 2020 година имаме 875 милиони евра. Потоа 2021 година имаме планиран дефицит што нема да биде толку од 568 милиони евра, имаме планирани задолжувања на странски пазари 870 милиона евра, рече тој и додаде:

Само во месец октомври буџетскиот дефицит изнесува 1 милијарда и 47 милиона денари за ноември изнесува 5 милијарди 230 милиони денари, а во декември 2020 година буџетскиот дефицит изнесува 13 милијарди и 809 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.