Секој има право да истакнува свои слогани, да се брендира како Солунски самит, здружение на индустријалци или слично, рече премиерот во заминување Зоран Заев на новинарско прашање за слоганот „Macedonia is GReat“ кој беше истакнат во Солун.

И Договорот од Преспа и меѓународните стандарди јасно укажуваат како се решаваат ваквите прашања. Ние тоа прашање го имаме решено во договорот од Преспа, каде што ќе се создаде, односно треба да се дооформи меѓународната експертска комисија од двете страни каде што заедно ќе го реши трајно брендирањето на производите по потекло од регионот Македонија кој не спојува, рече премиерот во заминување.

Тој верува дека изнаоѓањето на трајно решение на ова прашање ќе биде уште еден мост на спојување на Македонија и Грција во делот на градење на пријателството и стратешкото партнерство.

Може било кој самостојно да истакне нешто, тоа никаде не е забрането, тоа не е против Преспанскиот договор, но решенијата ќе се направат преку меѓународната експертска комисија. Зошто за сите да не биде Македонија, ние веќе имаме географска одредница, додаде Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.