Премиерот во заминување Зоран Заев, во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово, одговараше на новинарски прашања поврзани со владините мерки против аерозагадувањето:

Десет милиони евра најдовме пари. До два милиони евра определуваме во буџетите, директно за еколошки програми. Ги зајакнавме сите програми на екологијата. Парите не одат во споменици, музеи, одат во гасификација. Спомнавме, само 29 милиони за 76-те километри за овој северозападен дел од државата. Да не зборувам за сите филтри, интервенциите во училиштата. Апелираме до граѓаните, барем оние побогатите да ги сменат системите за греење. Никојпат, никој не носел вакви одлуки. ‘Југохром’ е затворен, рече премиерот во заминување Заев посочувајќи дека Владата презема мерки чија цел е заштита на здравјето на сите граѓани подеднакво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.