Владата проценила дека вицепремиерот Кочо Анѓушев, од кој Антикорупциска побара одговорност во случајот за литиум-јонските акумулатори, не направил прекршок. Како што рече премиерот во заминување Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на „Алсат М“, Анѓушев навреме се изземал од одлучувањето на владината седница на која се дискутирало за царините за литиумските батерии со што не влијаел во одлучувањето.

Ние сите треба да ја почитуваме Антикорупциската комисија, но таму каде што тоа е недвосмислено, јасно и го гледаме, апсолутно откажувај се…тамо каде што не се согласуваме имаме управни постапки. На уставна постапка се докажуваме. Суд, аргументите на маса, рече премиерот во заминување Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.