Уште 5 дена остануваат премиерот во заминување да ги поместува границите на глупоста, алчноста и манипулативноста. Најнеспособната влада во историјата на повоена Македонија денеска повторно покажа дека секогаш може подолу, полажливо и поневеројано.

Водечката светска компанија во автомобилскиот сектор, американската „Дура aутомотив системс“ ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2 во кои планирав инвестиции од околу 80 милиони евра и 980 вработувања, соопшти денеска на прес-конференција премиерот во заминување Зоран Заев.

 Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании, нагласи премиерот во заминивање, додавајќи дека со ови инвестиции „Дура Аутомотив Системс“ ќе има три свои погони во земјава.

И се би било во ред фабриката „Дура аутомотив стракшан“ да не беше банкротирана, за што пишуваше и Волстрит џурнал во ноември годинава.

Претходно, во јули минатата година Владата се пофали американска „Дура“ влезе во ТИРЗ во Бунарџик 2 со почетна инвестиција од 18 милиони евра.

Според денешните најави, во првата фабрика, „Дура aутомотив стракшан“ ќе произведува нов тип рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе биде со површина од 25.000 квадратни метри и се очекува да почне да работи во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе изнесува 48 милиони евра и ќе вработува 780 лица.

Втората фабрика, на „Дура Аутомотив Екстружанс“, ќе биде за производство на алуминиумски ултра лесни профили за батериски системи за електромобили. Погонот ќе биде со површина од 10.000 квадратни метри и исто така треба да почне со производство во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе биде 20 милиони евра и ќе има 200 вработени.

Премиерот потенцира дека заедно со првата, во трите фабрики, ќе бидат вработени над 1.000 наши сограѓани, кои ќе станат дел од глобалниот систем на „Дура Аутомотив Системс“.

Во САД на 17 октомври е објавено дека „Дура“ прогласила банкрот.

„Дура“ планирале двете нови фабрики да ги отворат во Чешка, но владиниот тим ги убедил да ја сменат првичната одлука, беше соопштено денеска на прес-конференција.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека инвестицијата на „Дура“ ќе биде една од најдобрите во нашата држава и оти е особено важно дека е со високотехнолошки профил, односно од капитално интензивната област.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец, па дали Зоран Заев и Анѓушев во пресрет на изборите свесно ги лажат граѓаните дека донеле инвестиција на компанија која и самата има сериозни финансиски проблеми и е во банкрот.

Ако е така, тогаш ова е уште една лага на Заев како и лагите со кои три години ги убедува граѓаните дека само што не дошле странски инвеститори и само што не почнал економскиот бум во Македонија.

Владата на Заев имаше три години да донесе инвестиции во Македонија, а притоа да почнат самите со разговори, па да дојде до старт на производство. Резултатите од нивното работење се поразителни. Од почетокот на годината заклучно со средината на годината, нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Ова е убедливо најмалку во целиот регион. Во месеците мај, јуни дури имаме дури и одлив имаме негативно салдо на странските директни инвестиции. Граѓаните сеуште ги очекуваат инвестициите на Фолксваген, Фејсбук, Гугл, САНОС кои ги најави Заев.

Ова го нема, ама затоа има најавено ново задолжување во јануари со еврообврзница во износ од половина милијарда евра, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.