За две години откако е почнат проектот „МојДДВ“ се исплатени 2,238,340,844 денари, односно 36,3 милиони евра, на над 399 илјади корисници на апликацијата за поврат на ДДВ, информира директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа повратот на ДДВ кој што го оствариле и со тоа се зголемува и довербата кон институциите. Благодарение на оваа мерка, едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во семејниот буџет. Во првата година преку „МојДДВ“, вратени се над 670 милиони денари, додека во втората година од „МојДДВ“ вратени се над 1,5 милијарди денари. Во оваа 2021 година за првото тримесечје на граѓаните им се исплатени 413.758.172,00 денари – изјави Лукаревска.

За купените македонски производи веќе неколку месеци се враќа дел од ДДВ во висина од 20% , а за останатите производи 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.