Премиерот Зоран Заев чера во Кочани ја пушти во употреба пречистителната станица во Кочани, која ќе обезбеди чиста вода да се влева во реката Брегалница. Уште едни туѓи перја со кои се закитува Зоран Заев.

Грантот од 21 милион евра од Швајцарија е обезбеден преку преговори кои започнаа во 2012 година, а ги предводеше заменик-министерката Соња Липиткова во име на владата на ВМРО-ДПМНЕ, а вклучен беше и тогашниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски. За ова има и видеозаписи од т.н. отворени влади, на кои Липиткова реферираза текот на преговорите.

Во јули 2014 на јавен настан во Кочани потпишан е договорот.

Во октомври 2015 година во екот на политичката криза беше склучен договор со градежна фирма и со консултант од Швајцарија и свечено започна градбата на пречистителната станица. На настанот присуствуваа Соња Липиткова, Ратко Димитровски и тогашниот министер за животна средина Нурхан Изаири.

Според изјавите планот бил да заврши во 2018 година. Со една година доцнење завршена и пуштена во употреба е вчера.

Не е ниту срамота ниту невообичаено да се доврши проект започнат од претходната влада, но срамота е премиерот да се истопори на свеченото отворање и да се прави дека светот почнува од него. Пред него немало ништо, а по него ќе има потоп. Срамота е премиерот да се кити со перјата на претходникот и да се прикажува за небаре единствениот заслужен да се обезбеди грантот, без притоа да се спомне претходната влада. Не за да ја пофали, туку за да ја покаже својата дорснатост за функцијата – дека светот не почнува од него сега, а ќе продолжи и по него утре. За жал, ние немаме таков премиер. А за волја на вистината, ако чувствува личен анимозитет кон претходникот, заменичката Липиткова никако не му се „огрешила“ што ја истуркала работата. Па ете, можеше неа да ја спомене.

Срамота е и ако по две години и два месеци власт премиерот нема еден свој покрупен проект – почнат и завршен во мандатот, а згора на се, забрефтано чита: „Ова е најголемата инвестиција што му се случила на Кочани во последните 50 години“. Точно дека е, но не е од тебе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.