Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за поскапување на цената на горивата, при што и бензините и дизелот ќе бидат поскапи од полноќ.

Методологијата на Регулаторна носи повисоки цени во наредната седмица, а најмногу, за еден денар поскапе дизел горивото.

Од полноќ ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе се продава за 61,5 денар по литар, додека по половина денар нагоре одат цените на бензините.

ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 68,5, додека ЕУРОСУПЕР-98 ќе добие малопродажна цена од 70,5 денари за литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.