Над 20 текстилни работнички од штипска фирма „Алкон текст“ имаат над 2.000 евра на хартија, но во реалноста никогаш нема да ги земат. Нема да ги добијат неисплатените плати, минатиот труд, бидејќи стечајната постапка која трашеше само 20 минути во судот покажа дека сметките на фирмата се празни, се вели во сторијата на „Телма“, од каде потсетуваат дека овие работнички неколку пати протестираа и не сакаа да се потпишаат, за да се префлат да работат во друга фирма.

Работничките од кои поголемиот дел се и пред пензија се разочарани што институциите молчат, а на крајот на својот работен век какошто велат наместо достоинствено да си заминат од фирмата, биле избркани без заслужената отпремнина.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“, која изминатите месеци цело време беше со работничките и алармираше кај институциите смета дека државата дозволува принципот „Затвори-отвори“ фирма од преседан да стане пракса.

Протестите на педесетина текстилни работници од оваа штипска фирма почнаа во мај, дел од нив не ги потпишаа новите договори за работа и си заминаа, а мал дел си заминаа во пензија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.