Се очекува поскапување на електричната енергија во Република Македонија, а причината за тоа АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО станаа загубари и натрупаа милионски долгови. Имено, државните електрани на крајот на март годинава должеле кон сите доверители, каде влегуваат и приватни фирми, но и институции од јавниот сектор, односно во бројки 6.079.544 евра.

Во 2017 година АД ЕЛЕМ беше во одлична техничка и финансиска состојба, со реновирана главна опрема во термо и хидро централите, со финансиска резерва од 20 милиони ЕВРА, без долгови кон никого и сите финансиски обврски према странски и домашни доверители исполнети, а во моментов оваа компанија ги истрошила сите ресурси и затоа се очекува и поскапување на електричната енергија, со што власта како и секогаш порано ќе удри врз грбот на граѓаните.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и овој пат нуди друго решение, односно намалување на ДДВ-то од 18% на 5%, а на сметка на електричната енергија, а со цел да да се намали и ценовниот шок од поскапување на струјата, од која најмногу ќе бидат засегнати граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот брифинг со уредниците посочи дека 100 милиони евра помалку ќе бидат собрани во Буџетот. Но, толку ќе заштедат граѓаните.

-Нека си ги скратат непродуктивните трошоци, нека ги намалат крадењата, нека намалат со купување лимузини по институциите. Ете ги парите. Ќе ги заштедиме на пократок рок на година две, преку разни државни хартии од вредност, а граѓаните ќе бидат заштитени и нема да има ценовен шок и намалување на куповната моќ на домаќинствата. Во спротивно, цената на електричната енергија ќе предизвика сериозен потрес на економијата – рече Мицкоски.

Тој обвини дека државата вештачки одржуваше поевтина струја, затоа што тоа ѝ одговарало политички за време на референдумот и изборите.

Мицкоски: ЕВН ѝ служи на фамилијата на власт како параван за испумпување пари – Република (republika.mk)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.