Ефектот на покачена цена на електрична енергија почна да го зема својот данок. Уште во првиот месец имаме зголемени цени на мало, како и поголеми трошоци за живот.

Државниот завод за статистика потврди дека како резултатат на покачената цена на електричната енергија, трошоците за живот на граѓаните во август пораснале за 0,5%, а цените на производите на мало се покачени за 0,8%. Според ДЗС од август граѓаните плаќаат поскапи основно производи за живот како зеленчук, ориз, млечни производи, но и лекови и прoизводи за лична хигиена.

Статистички гледано пораст имааат цените на сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7%, млекото за 0,5%, оризот за 0,4%, пивото за 0,3%, сирењето и урдата за 0,2%, а пораст има и кај фармацевтските производи од 1,3%, апарати за лична хигиена за 0,4%.

Покачената цена на струја не ги поштеди ниту одржувањето и поправката на сопствените превозни средства кои поскапеа за 1,1% отсто, додека малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и ентрите за разубавување се поскапи за 0,2%.

Дополнителен товар за граѓаните е што 7,4% на покачена струја значат во просек 180 денари месечно или 2.200 денари годишно плус трошок за секое семејство. Ако сето тоа се додаде дека веќе 40.000 граѓани ги загубија работните места, а приходите во буџетот се помали за 14% споредено со лани, додека има пад кај странските директни инвестиции, индустријата, градежништвото, трговијата, извозот, може да се заклучи дека следуваат црни денови за државата и граѓаните.

Бројките укажуваат дека покрај тоа што покачената цена на електричната енергија директно зема повеќе пари од џебот на граѓаните, туку и граѓаните ќе плаќаат поскапа храна, апарати и услуги.

Во услови кога се проценува дека кризата ќе трае уште 8 месеци, граѓаните можат да очекуваат нови поскапувања, бидејќи ова е само почеток. Новата цена на струјата веќе го започна домино ефектот кој само го поскапува животот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.