АД „Пошта“ соопшти дека согласно потпишаниот договор со Халк Банка, покрај постоечките услуги, на нивните шалтери може да се извршуваат нови услуги.

Почнувајќи од 27 јули 2021 година, на нивните шалтери може да се извршуваат следните услуги: уплата со уплатница (обр. ПП10) за физички лица, исплата на пензија на физички лица резиденти со налог за исплата на готовина (обр. ПП40), единствено за исплата на пензија од трансакциска сметка на физички лица-резиденти кои пензијата ја примаат на трансакциска сметка во Халк Банка АД Скопје.

Може да се изврши пренос на средства од една на друга сметка со налог за пренос на средства (обр. ПП30), безготовинско плаќање на јавни давачки (од сметката на клиентот кон трезорска сметка со налог за плаќање на јавни приходи (обр. ПП50), безготовинско префрлање на средства од налогодавачот кон повеќе примачи (обр.ПП53).

Досега на шалтерите на единиците на поштенска мрежа на цела територија на државата можеше да се изврши уплата на режиски трошоци, уплата на дневен пазар од правни лица, уплата на јавни давачки со образец ПП 50.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.