Маглата која утринава ја има по котлините и планинските превои го отежнува сообраќајот низ државата. Намалена видливост има на неколку патни правци, а на скопскиот аеродром се реализирани само неколку полетувања, но ниту едно слетување.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Кичево, на планинскиот превој Ѓавато и по Повардарието. Јавното претпријатие „Македонија пат“ кое е задолжено за одржување на патиштата низ државата апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На аеродромот во Скопје, според информациите од нивната веб страница, утринава не е реализирано ниту едно планирано слетување, а со задоцнување полетале само четири авиони на „Визер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.