Раководителите на деловните субјекти во трговијата на мало оценуваат дека економската состојба во третото тримесечје е поповолна и во однос на претходното и во однос на тој квартал во минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека финансиската состојба во третото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година. Оценката за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат, а се очекува да се зголеми и бројот на вработените.

Продажните цени во третото тримесечје од 2019 година се намалиле во однос на претходното, а се очекува нивно намалување и во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2019 година имале: недостигот на обучен кадар со 22,4 отсто, зголемената конкуренција на пазарот со 19,5 отсто, зголемените трошоци за труд со 17,9 отсто и слабата побарувачка од купувачите со 17 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.