Целосен молк од страна на институциите за фирмите кои што ги злоупотребиле државните пари за справување со корона кризата. Поминаа два месеци откако скандалот го потресе приватниот сектор за злоупотреба на државната помош за плата на работниците, како дел од економските мерки за справување со економската криза која ја предизвика пандемијата со корона вирусот.
Обвинителството сè уште не открива до каде е истрагата. Основното јавно обвинителство за телевизија АлсатM соопшти само дека случајот е во предистражна постапка, која во моментов се води во тајност.

Она што на јавноста и е познато е дека се покренати тужби против повеќе од 200 компании кои добиле пари од државата за да исплатат плати на вработените, но сопствениците избрале парите да ги чуваат за себе.

Во интерес на постапката, обвинителството во моментов не е во можност да сподели детали, е единствениот коментар на Јавното обвинителство два месеци по обелоденувањето на скандалот.
Од Сојузот на синдикати на Македонија, институцијата која прва ги обелодени ваквите злоупотреби од страна на некои работодавци, вели дека ќе побараат итен состанок со обвинителството со цел да не се „прикрива“ случајот.

Државните институции мора да одговараат, бидејќи од една страна тие беа тие што им ги дадоа финансиските средства на работодавците. Додека тие ги злоупотребуваа и не им плаќаа на работниците и по втор пат не ги исплатија платите, а со тоа не им ги исплатија придонесите за задолжително социјално осигурување а и не ги вратија парите во буџетот – рече Слободан Трендафилов од ССМ за телевизија Алсат.

Првичните информации кои беа објавени во јавноста за компаниите кои злоупотребувале државни пари надминуваше 600 компании, но за неколку дена повеќето работодавци ги уплатиле парите на сметките на работниците и со тоа избегале кривична пријава.

Државната помош беше за исплата на минимални плати за работниците во секторите кои беа најмногу погодени од пандемиската криза. Од Владата тогаш кажаа дека работодавците ќе мора да ги вратат парите на државата и да најдат други средства за исплата на платите на своите работници. Покрај тоа, тие нема да можат да аплицираат и да добиваат државна помош предвидена со новите владини мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.