Регулаторната комисија донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот е 49,50 ден/лит, а на на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,311 ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.