Како најгорлив проблем со кој се соочува Република Македонија, носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, ја посочи корупцијата во своето гостување во Телма. Тој истакна дека во 11-те години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, корупцијата била на далеку пониско ниво според сите релевантни меѓународни институции отколку сега во изминатите три години.

-Имаме сериозни теми кои што ги тиштат граѓаните. Една од тие теми е корупцијата. Соогласно изводот на Транспаренси интернешнл јасно се гледа дека во оној период кој Николовски сака многу да го споменува, период на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се гледа многу добро каде била Македонија во однос на корупцијата каде е сега. Покорумпиран период во однос на последниве три години апсолутно нема, особено периодот 17-та, 18-та и 19-та, корупцијата цвета и тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува, тоа е затоа што релевантните меѓународни институции тоа го кажуваат. Криминалот, корупцијата и правосудстовото имаат тотален промашај, во се имаат неуспех. Ова се извадоци од транспаренси интернешнл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.