За да им се излезе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и викендов. Рокот за аплицирање за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули.

Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите подрачни единици ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите. Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), каде што е ставено упатството за аплицирање, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во подрачните единици.

На веб страната на Министерството за земјоделство се објавени и телефонските броеви на раководителите на подрачните единици за земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.